Палави Да Грејт

Овде треба да е дескрипшон ама нема

вторник, јануари 10, 2006

Закопан од Ангелот

Таа е добра, таа е прекрасна, таа е забавна, таа ми е СЕ! Има прекрасно лице и тажни, големи, кафени најубави очи. Во нив има некаква скриена болка во длабочината, а на површината се познава нејзината преголема гордост. Има и прекрасна насмевка која уште повеќе го краси нејзиниот лик и ја оцртува нејзината внатрешна добринa. Сето тоа беше мое,сета нејзина добрина,сета нејзина убавина,пред два ебани месеци беа само мој и само за мене...два крваво поминати месеци...Од тогаш ја гледам само како питомо суштество пуштено во дивината каде што царуваат и опстануваат само најјаките.Не...таа не беше за таму,таа не е за во овој свет. Таа беше Вистински ангел избеган од рајот,со недоволно искуство и знаење за животот во пеколот - земјава. Премногу наивна и не знаеше за зло, веруваше во секој збор, веруваше во секого, наивно веруваше во сите и беше слугинка на злобата околу неа односно на тие што ја опкружуваат. Веруваше во љубовта иако не го признаваше тоа. Веруваше затоа што ја почувствува и беше повредена од неа. Веруваше дека постои прекрасен принц кој на бел коњ ќе дојде и со бакнез ќе ја разбуди од нејзиниот едногодишен кошмар.Мислеше дека животот е бајка,но погреши. Со секој поминат ден нејзината болка беше се поголема. Принцот го немаше,а трњето кој го попречуваа патот стануваа се поголеми...Приморан да ја заборавам,не можам но морам!Решив никого да не пригушувам во моите проблеми,потонував во нив сам,едноставно сам сакав да се вратам во тоа што бев,да го вратам моето камено срце без чувства, да го вратам мојот груб поглед и повторно да станам камен,тоа што бев пред да ја запознаам. Секој ден се потешко, како животот да ми претставува еден филмо во кој морам секогаш да глумам и немам право на ниедна грешка, чувам се само во мене,чувам се во ова срце кое не може да се врати во тоа што беше.Времето проаѓа,но сепак... кога од сите се разделувам,болката останува и го прати секој мој чекор. Ме прати каде и да сум, ја урива секоја моја насмевка, го расипува секој убав миг.На секоја мирна пауза става крај, секој сон го прави кошмар,секое будење пекол,секое заспивање - смрт. Водата станува отров а ПРОРОКОТ спас.Единствено со тоа можам да ја преболам,единствено со тоа заборавам. Умирам свесно,патам и уживам во тоа.Уживам зошто знам дека со тоа ја плаќам казната. Сакам што побрзо да заврши, сакам еден ден да се разбудам и да заборавам...да мислам дека целиот живот ми бил само еден лош сон... Сакам и сите да ме заборават мене,да живеам внатрешно умрен а не доживотно проколнат. Барав љубов добив омраза, барав бакнеж добив одмазда, барав срце добив камен,сакав ангел а бев мразен. О Семоќен, Дозволи ми вербата во тебе да ја вратам, помогни ми побрзо до рајот да стасам,спаси ме од сите лаги, спаси ме од сета болка, уби ме и извади ме од оваа бездна зошто доволно видов и доволно страдав!А потоа кажи ми... Дали некогаш во било кој живот ќе бидам среќен заедно со Ангелот кој ме уби?